• среда, 24 јули 2024

Кулеба во посета на Кина

Кулеба во посета на Кина

Киев, 24 јули 2024 (МИА) - Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска изјави дека сака да најде „заеднички јазик“ во разговорите со неговиот кинески колега за ставање крај на војната на Украина со Русија.

На видеото објавено од Министерството за надворешни работи на Украина се гледа како Кулеба пристигнува на состанок во градот Гуангжу и разговара со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.

Тоа е прва посета на украинскиот министер за надворешни работи на Кина од почетокот на војната во 2022 година.

Кулеба во видео порака рече дека ќе имаат опсежни и детални преговори за изнаоѓање заеднички јазик во потрагата по мир во Украина. Кулеба пристигна во Кина во вторник, а треба да замине в петок.

Ванг рече дека Кина им придава големо значење на односите со Украина.

Наведувајќи го растот на трговската размена меѓу двете земји, тој рече дека нивните односи продолжуваат нормално да се развиваат „и покрај сложените и постојано променливи меѓународни и регионални ситуации“. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан