• понеделник, 07 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Кузеска: Љутков ги погази правата на културните работници, СДСМ бара итна исплата на платите

Кузеска: Љутков ги погази правата на културните работници, СДСМ бара итна исплата на платите

Скопје, 23 април 2025 (МИА) - Културните работници се без плата за март и така ги поминаа празниците, а никој не понесе одговорност. СДСМ бара целосна исплата на мартовската плата, покачена според колективниот договор за културните работници и негово целосно почитување, соопшти денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска. 

Според неа, сегашната ситуација во културата говори за целосно погазување на Колективниот договор и погазување на правата на културните работници.  

- И во интервју на министерот Љутков го слушнавме како кажа без срам за колективниот договор за култура дека е незаконски, а тоа е напад на достоинството и правата на сите културни работници во државата. Колективниот договор не е проблем туку потреба за работниците и претставува законска обврска. Тој договор е резултат на борба на работниците, на дијалог и праведна политика на СДСМ кога беше на власт и кога платите во културата беа покачени а се исплаќаа редовно и со почитување на сите права на вработените, рече Кузеска.

Денеска за жал, како што рече, културните работници се без плата за месец март и празниците така ги поминаа, а гледаме дека никој не понесе одговорност.

- Ова е последица на неспособност и распиничко трошење и целосно потфрлање на министерот за култура и владата на ДПМНЕ. Прашање е дали нападот на колективниот договор е најава за ново кратење на правата на вработените во културата и тоа по партиски терк. Неговата неспособност не е никакво оправдување. СДСМ бара целосна исплата на мартовската плата, покачена според колективниот договор за културните работници и негово целосно почитување!, порача Кузеска. мд/дма/

Фото: СДСМ

 

Остани поврзан