• понеделник, 25 ноември 2024

Кузеска: Скандал со непотизам во општина Охрид

Кузеска: Скандал со непотизам во општина Охрид

Скопје, 17 март 2024

Објавуваме скандал со непотизам во општина Охрид, цела една испреплетена шема на ДПМНЕ и Кирил Пецаков.

Градоначалникот од ДПМНЕ, близок на Христијан Мицкоски стокмил роднини, пријатели, фамилијарни и блиски членови на ДПМНЕ во Охрид.

Да почнеме по ред. Ова е шемата на непотизмот на Пецаков и ДПМНЕ во Охрид:

1.Кумот на градоначалникот Пецаков, Сашо Донев е претседател на општинскиот комитет на ДПМНЕ во Охрид.

-Сестрата на неговата сопруга, Билјана е вработена во општинскиот училишен центар Св Наум Охридски.

2.Александар Китески е близок на Пецаков и ДПМНЕ и моментално е Секретар на Општина Охрид.

-Неговата сопруга, Елена Китеска е вработена во Основното училиште Кочо Рацин во Скопје.

- И сестрата на сопругата на Китески, Кристина е исто така вработена во институција под надлежност на општината, односно во ЈП Охридски комуналец.

-Роднина на Китески, Ристе пак е правен застапник на истото претпријатие ЈП Охридски комуналец и претседател на ГРК Охрид А.Д.

-Додека кумашинката на Китески, Ана Србиновска е вработена во Општина Охрид - кумашинот Андоновски е директор на Јавното претпријатие Билјанини Извори.

Долга е листата на непотизмот на ДПМНЕ и Кирил Пецаков во Охрид.

3. Директор на јавното претпријатие Охридски комуналец, Сашо Најдовски е исто така пријател на Пецаков.

-Кумашинката Оливера е вработена во истото јавно претпријатие, ЈП Охридски комуналец.

- И баџанакот Душко Шајноски е исто така вработен во ЈП Охридски комуналец и на раководна позиција.

4. Илија Арнаудоски е поранешен претседател на Месниот комитет на ДПМНЕ во Велгошти и вработен во Капетанијата.

-Неговата пруга, Ангела е вработена во општина Охрид под капата на Пецаков.

5.Секретар на Општинскиот комитет на ДПМНЕ е Коста Арнаудов. Неговата сопруга е вработена во Јавното претпријатие Водовод.

6. Раководителот за Урбанизам ја унапреди својата  сопруга Катерина во раководител на правна служба во Општина Охрид.

7. Вујкото на Кирил Пецаков, градоначалникот на Охрид, пак е вработен во ЈП Нискоградба, исто така в Охрид.

Погледнете ја оваа шема на непотизам на ДПМНЕ и Пецаков во Охрид.

Ништо не е променето во ДПМНЕ, видовме и во Скопје, непотизмот, партиските и фамилијарни вработувања на грбот на граѓаните се нивна одлика.

Глас за ДПМНЕ е глас за враќање назад, кој значи вдомување партиски кадри, роднини и пријатели на избраните функционери на оваа партија.

Прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан