• четврток, 14 ноември 2024

Кузеска: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ доаѓаат во Собранието да земат дневници и да не гласаат некој да земе плата

Кузеска: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ доаѓаат во Собранието да земат дневници и да не гласаат некој да земе плата
Скопје, 20 април 2021 Јавноста сведочи на заложништво на парламентот и обидите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да ја контролира работата на Собранието, а присуството на двајца пратеници од СДСМ со цела заштитна опрема, во скафандери е херојски чин, кој придонесе за изгласувањето на петтиот пакет мерки, за платите на работниците и поддршка за стопанството, истакна портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска при гостувањето во емисијата „Објектив“ на МРТ. Таа ја нагласи дрскоста на пратениците од ВМРО ДПМНЕ и другата партија од опозицијата кои поднесоа кривични пријави против спикерот и двајцата пратеници од парламентарното мнозинство кои со скафандери дојдоа во Собранието да гласаат. Без никакво чувство на одговорност, без срам дека токму тие се виновниците зошто два месеца финансиската поддршка од петтиот пакет економски мерки, плати, финансиска помош во семејствата и стопанството чека, а се дрзнуваат да поднесуваат кривични пријави против овие пратеници и против претседателот на Собранието Талат Џафери, рече Кузеска. Таа додаде дека, секоја партија има право да ги искористи сите демократски механизми да ја постигне своја цел, но, не на грбот на граѓаните, кои два месеца чекаат пари, тоа е нечовечно, нефер и нехумано, а злоупотребата на болни пратеници од страна на ВМРО-ДПМНЕ не е вешт маневар туку е злоупотреба и искористување на сите методи во Собранието за партиски поени. Да дојдеш во Собрание да се потпишеш, да земеш дневници и да не гласаш некој да земе плата е безобразно и уште потоа да ја следиш седницата од надвор, нагласи Кузеска. Во врска со владеењето на правото Кузеска нагласи дека приоритети на СДСМ се правда и економија и во последно време сведочиме на неселективна правда кон секој, што ги прави нервозни во ВМРО-ДПМНЕ и покажува зошто опозицијата сака државата да биде изолирана и во заложништво. Кој го прекршил законот ќе одговора, без разлика од која партија е, рече Кузеска, додавајќи дека сега институциите соработуваат со јавното обвинителство да се открие кој е сторител, а во минатото институции се покренуваа да го прикријат. Во врска со претстојниот Конгрес на СДСМ во средината на мај, Кузеска рече дека процесот на демократизација на партијата ќе продолжи, откако пред неполн месец СДСМ покажа досега невиден демократски капацитет организирајќи и спроведувајќи ги првите внатрепартиски непосредни избори за претседател на партијата. Тоа е пионерски чекор којшто треба да го следат и останатите партии, а на Конгресот ќе биде избрано ново партиско раководство, нов состав на Централниот и Извршниот одбор, а потоа ќе следува и номинација за кандидати за градоначалници и носители и кандидати на советничките листи, рече Кузеска. Повторно на локалните избори ќе излеземе со чесна понуда за граѓаните, порача портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска при гостувањето во емисијата „Објектив“ на МРТ. Центар за комуникации со јавност - СДСМ  __________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан