Кузеска: МВР тајно започнала процес за нов систем за издавање лични карти
- СООПШТЕНИЕ - Непосредно пред локалните избори, во време кога рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ вртоглаво паѓа, а довербата во институциите е сериозно нарушена, МВР тајно започнала процес за нов систем за издавање лични карти.

Скопје, 27 јуни 2025
Почитувани граѓани, почитувани медиуми,
Непосредно пред локалните избори, во време кога рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ вртоглаво паѓа, а довербата во институциите е сериозно нарушена, МВР тајно започнала процес за нов систем за издавање лични карти.
Последните јавно достапни информации говорат дека веќе е ангажира фирма, без било какво искуство во оваа област. Засмилете, досега правела студии за отпад и стадиони. Сега треба да направи студија за систем со највисок степен на доверливост – издавање на лични карти и пасоши.
Понатаму, во тендерската документација не се бара безбедносен сертификат за лицата што ќе имаат пристап до податоците. Што е крајно сомнително и несоодветно.
Нема гаранција ниту за заштита на доверливи податоци на државата и граѓаните. Зошто?
Сè ова се прави без транспарентност, далеку од очите на јавноста и крајно сомнително.
После сите скандлаозни тендери во МВР, после целиот процес на партизација на оваа институција, селективната правда и заштитата на функцинерите на ВМРО-ДПМНЕ.
МВРО-ВМРО сака да го централизира целиот систем – од производство до издавање документи – без контрола, без надзор, без јавност, без сертитифакти. Тоа не е модернизација, тоа е рецепт за злоупотреба.
Се поставува прашањето дали ова значи дека повторно се подготвуваат сценаријата како од времето на Никола Груевски, кога МВРО-ВМРО масовно издаваше незаконски лични карти и спроведуваше незаконско гласање?
Бараме итни одговори од министерот Тошковски.
Зошто се ангажира фирма без релевантно искуство и без безбедносен сертификат?
Кој може да гарантира дека нема да има масовно издавање нови документи непосредно пред изборите и злоупотреби?
СДСМ ќе остане буден чувар на јавниот интерес и на слободната волја на граѓаните. Ќе ги информираме сите релевантни домашни и меѓународни фактори и ќе се спротивставиме на сите обиди за злоупотреби.
Линк до видео: https://youtu.be/NUwz8yFzLp8
Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
СДСМ - Центар за комуникации со јавноста
Фото: СДСМ
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.