• понеделник, 16 март 2026

Кузеска: Враќањето на Груби е договорена кампања, власта прави дефокус

Кузеска: Враќањето на Груби е договорена кампања, власта прави дефокус

Скопје, 23 февруари 2026 

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција посочи дека враќањето на Груби е договорена кампања поради падот на рејтингот на Мицкоски, стои во соопштението од СДСМ што МИА го пренесува во целост.

- Нема борба против криминалот и корупцијата. Станува збор само за договорена кампања поради падот на рејтингот на Мицкоски. Сакаше да се претставува како чесен, но по бројните скандали, скапите часовници и луксузирањата на грбот на народот со авион веќе е прочитан од граѓаните. Copy-paste по рецепт на Вучиќ, кој секогаш кога е во пад најавува некое апсење - посочи Кузеска.

Граѓаните нема да добијат одговори на прашањата за скандалите и криминалите, но ќе добијат театар, како денеска. На сите им е јасно дека бегството на Артан Груби беше политички договор.

- Како што се договорија да го пуштат, така сега се договорија да се врати. На овој начин ВМРО, со поддршка од ДУИ, сака да го покрие најголемиот нарко-скандал со 5 тони дрога, кој води до врвот на Владата на Мицкоски. Но и бројните скандали со криминални тендери, за кои повеќе од 80 дена нема никакви одговори - рече Кузеска.

Таа посочи дека власта нема одговор на скандалите и прави дефокус, а вистината е дека ВМРО-ОКГ се во дил со ДУИ.

- Како нема ниту една камера од 65 илјади камери за 5 тони дрога, а има камери за Груби?“, посочи Кузеска на денешната прес-конференција.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Фото: МИА Архива

Остани поврзан