• четврток, 24 октомври 2024

Кубанскиот енергетски систем се опоравува: 70 отсто од потрошувачите веќе имаат струја

Кубанскиот енергетски систем се опоравува: 70 отсто од потрошувачите веќе имаат струја

Хавана, 23 октомври 2024 (МИА) - Кубанските власти соопштија дека 70 отсто од потрошувачите на Куба повторно добиле електрична енергија, откако снабдувањето беше прекинато поради дефект на термоелектраната „Антонио Гитерас“ во Матанзас.

Министерството за енергетика на Куба соопшти дека работат на целосна обнова на електроенергетскиот систем. Русија претходно најави дека ќе пружи помош на Куба во врска со овој колапс на електросистемот.

Поправките на термоелектраната што се изведуваа во текот на викендот не дадоа резултати, по што повторно беше прекинато делумното снабдување со електрична енергија кое накратко беше обновено. ссм/

фото: архива

Остани поврзан