• сабота, 23 ноември 2024

Крузер не смее да влезе во Сан Франциско, сомнеж за вирус

Крузер не смее да влезе во Сан Франциско, сомнеж за вирус
Сан Франциско, 5 март 2020 (МИА) – На крузерот „Гранд принцес“, на кој претходно имало двајца патници заразени со новиот коронавирус, не му е дозволено да се врати во пристаништето во Сан Франциско од каде тргна на нов пат кон Хаваите, откако 20 лица пријавиле симптоми слични на коронавирус. Гувернерот на Калифорнија Гавин Њусом изјави дека бродот, на која има повеќе илјади патници, ќе остане на море се додека не бидат тестирани патниците и членовите на екипажот со симптоми кои можат да се поврзат со новиот коронавирус. Тестовите за присуство на коронавируси ќе бидат доставени до бродот, а подоцна ќе бидат анализирани во државната лабораторија во заливот во Сан Франциско. Процесот може да се заврши за неколку часа, рече Њусом. Симптоми, кои можат да бидат последица на новиот коронавирус, но и на сезонски грип и настинки, пријавиле 11 патници и десет членови на екипажот. Во зависност од резултатите од тестовите, бродот може да се пренасочи некаде надвор од Сан Франциско. Крузерот се упати кон Хаваите, но се врати во Сан Франциско откако некои патници и членови на екипажот почувствувале симптоми кои можат да бидат поврзани со коронавирусот. На претходното патување кон Мексико, на крузерот имало двајца патници, за кои било утврдено дека се заразени со коронавирусот. Здравствените работници изјавија дека тие најверојатно се заразиле на бродот. Еден од нив, постар човек кој живеел во близина на Сакраменто во Калифорнија, кој веќе имал здравствени проблеми, почина од последици од коронавирусот. Другиот е многу болен, информира Њусом и додаде дека здравствените власти, со помош на Центарот за контрола на болести, се обидуваат да контактираат со 2.500 патници кои патувале во Мексико. јт/

Остани поврзан