• понеделник, 23 декември 2024

Кружниот тек кај штипската црква ,,Свети Никола" ќе се гради на крајот на септември

Кружниот тек кај штипската црква ,,Свети Никола
Штип, 12 септември 2022 (МИА) - Кружниот тек на крстосницата кај градската црква Свети Никола во Штип ќе се гради на крајот на месец септември. Постапката за избор на фирма – изведувач веќе е завршена, а пролонгирањето на временскиот рок за градежните активности е по барање на економскиот оператор. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, вели  проектот ќе придонесе за поголема безбедност на учесниците во сообраќајот. -Веќе сме во финални подготовки, избрана е фирма – изведувач којашто веќе треба да пристапи кон изведување на градежни активности за таму да се постави кружен тек, на оваа крстосница. Во комуникација со економскиот оператор којшто треба да го изведува кружниот тек добивме информација дека тоа би било на крајот од месец септември, почеток на месец октомври. Имаме пролонгирање на почетокот на градежните активности по барање на економскиот оператор, односно на фирмата – изведувач“, вели Јорданов. Инвестицијата чини 2,5 милиони денари, пари кои Општината ќе ги обезбеди од сопствениот буџет. Со изградбата на кружниот тек ќе се заокружат сите активности кои изминатиов период се работеа на оваа крстосница. Општината со сопствени средства ги уредуваше тротоарските површини со поставување бекатон плочки, а со инвестиција на ЈПДП беше асфалтирана улицата позади црквата, потег кој минатата година беше најфреквентен, бидејќи возилата од југоисточниот регион  транзитираа низ град Штип. вдј/сст/

Остани поврзан