Кристијано го информирал Јуве за неговите планови
- Ова значи дека тој ќе го исполни неговиот договор, кој истекува во летото 2022 година. Тогаш Португалецот ќе има 37 години.
Торино, 25 април 2020 (МИА) - Најважниот фудбалер на Јувентус, Кристијано Роналдо изрази подготвеност да остане во клубот уште две сезони, пренесува „Тутопорт“, со база во Торино.
Ова значи дека тој ќе го исполни неговиот договор, кој истекува во летото 2022 година. Тогаш Португалецот ќе има 37 години.
На тој начин Кристијано сака да го смири раководството дека не размислува за заминување откако се појавија гласини за интерес на Пари Сен Жермен.
Напаѓачот се уште е во родната земја, чекајќи информации за можен датум за продолжување на тренинзите во Серија „А“.