Кризниот штаб во Куманово апелира да се почитуваат препораките
- Поради зголемен број на заразени, особено млади, Кризниот штаб во Куманово денеска апелираше до граѓаните и сопствениците на угостителските објекти и на маркетите да ги почитуваат препораките
![Кризниот штаб во Куманово апелира да се почитуваат препораките](https://mia.mk/images/20221106145719_big_730x400_62.webp )
Куманово, 30 март 2021 (МИА) - Поради зголемен број на заразени, особено млади, Кризниот штаб во Куманово денеска апелираше до граѓаните и сопствениците на угостителските објекти и на маркетите да ги почитуваат препораките и мерките донесени од Владата.
- Заради зголемен број на заразени, особено млада популација и нивните семејства, апелираме до граѓаните, како и до сопствениците на угостителски објекти и маркетите да ги почитуваат сите мерки и препораки од Владата на Република Северна Македонија, поточно, социјална дистанца од два метри, како и да се намалат семејните и собирите на отворено, апелираа од Штабот.
Денеска и од Министерството за здравство информираа дека во болницата во Куманово има 147 позитивни и суспектни на Ковид 19, а според последните вчерашни податоци активни се 773 случаи. ам/бак/