• четврток, 11 јули 2024

Кризен штаб - Куманово: Зголемен број на заразени млади, да се почитуваат мерките

Кризен штаб - Куманово: Зголемен број на заразени млади, да се почитуваат мерките
Куманово, 23 март 2021 (МИА) - Поради зголемен број на заразени лица, особено на младата популација и нивните семејства, Кризниот штаб на Куманово апелираше до граѓаните и до сопствениците на угостителските објекти да ги почитуваат препораките и мерките од Владата, информираа денеска од Штабот, кој ја одржа 70-тата седница во Општина Куманово. - Заради зголемен број на заразени, особено млада популација и нивните семејства, апелираме до граѓаните, како и до сопствениците на угостителски објекти и маркети да ги почитуваат сите мерки и препораки од Владата на Република Северна Македонија, поточно, социјална дистанца од два метри, како и да се намалат семејните собири во затворен простор и собири на млади луѓе во поголеми групи, соопшти Кризниот штаб. Според последните податоци на Министерството за здравство, заклучно со вчера во Куманово има 547 активни случаи на инфицирани со Ковид-19. ам/мс/

Остани поврзан