• недела, 21 декември 2025

Кризен штаб во Владата поради пожарите

Кризен штаб во Владата поради пожарите

Скопје, 9 јули 2025 (МИА) - Во Владата вечерва ќе заседава кризниот штаб поради состојбата со пожарите во земјава. Со кризниот штаб ќе претседатева премиерот Христијан Мицкоски, кој како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, заради состојбата со пожарите, нема да присуствува на партиската трибина во Куманово, закажана во 19:30 часот.

Владата вчера донесе одлука за прогласување на кризна состојба од 30 дена на цела територија на државата поради зголемената појава на пожари.  

Како што информираше на прес-конференција владината портпаролка Марија Митева, тоа на терен значи дека се овозможува интегриран пристап и координирано дејствување на сите надлежни институции - Армијата, полицијата, сите противпожарни единици, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување и локалните самоуправи. Ќе се мобилизираат сите ресурси вклучително и човечки, технички, логистички се со цел справување со пожарите и заштита на населението.

Владата, исто така, ќе обезбеди помош за сите засегнати подрачја со цел спречување на поголеми последици.

Воедно се апелира до граѓаните на максимална внимателност и почитување на сите препораки и забрани.са/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан