• недела, 22 декември 2024

„Крид 3“ и без Сталоне веќе урива рекорди

„Крид 3“ и без Сталоне веќе урива рекорди

Лос Анџелес, 7 март 2023 (МИА) - Првичните оценки за новото продолжение на успешната спортска драма за Адонис Крид се исклучително позитивни, иако овој филм - „Крид 3“ (Creed III) без легендарниот „Роки“ т.е. без Силвестер Сталоне.

Средиштен лик во новите три дела на приказната е младиот Адонис глумен од Мајкл Б. Џордан, но и Сталоне играше прилично важна споредна улога во претходните два дела... Мајкл Б. Џордан, исто така, сега првпат ја презеде режисерската палка, сценариото е на Кинан Куглер и Зек Бејлин, а Сталоне е наведен само како еден од продуцентите.

Во „Крид 3“, името на Роки се спомнува неколкупати, но не се објаснува што му се случило. Во што е суштинскиот проблем? - Сценариото на крајот било многу мрачно и сега веќе наликува на трилер, а не на спортска драма. Сталоне никако не се согласил со тоа.

- Тоа е многу тажна состојба затоа што многу добро знам како можеше да испадне овој филм. Тие го однесоа во сосем поинаква насока отколку што јас би ја одредил. Филозофијата на Џордан и неговите сценаристи е сосем поинаква. Им посакувам сѐ најдобро, но јас сум сентиментално момче. Сакам моите херои во филмовите да се тепаат, но не сакам да бидат мрачни. Мислам дека на луѓето им е доста од мрачни нешта, изјави Сталоне еднаш.

Џордан сепак, во друга прилика, нагласи оти „Сталоне е ДНК-та на приказната“.

Меѓутоа, се чини, несогласувањата со Џордан не се единствениот проблем. Сталоне е во судири и со колегата-продуцент Ирвин Винклер, и тоа повеќе од 40 години. Поради последниве случувања, наводно, акциониот ветеран никогаш веќе нема да го глуми Роки. Сталоне пред извесно време на Инстаграм објави слика од Винклер во лик на змија со нож наместо јазик...

„Многу добар портрет на големиот продуцент на 'Роки' и 'Крид', Ирвин Винклер. Откако Ирвин 47 години ги контролираше 'Роки' и 'Крид', мислам дека ми е редот барем да го добијам она што остана од мојата франшиза и потоа да им го пренесам на неговите деца, кои се единствените наследници. Мислам дека тоа би бил убав гест од 93-годишник“, напиша Сталоне до сликата, а потоа ја избриша објавата.

Со светска заработка од над 100,4 милиони долари за четири дена, „Крид 3“ го собори рекордот во однос на претходните делови и нивните премиерни викенди. Првичната оценка на ИМДБ е 7,4 / 10, од над 11.000 оценувачи.  си/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан