• недела, 22 декември 2024

Кривокапиќ и Абазовиќ ќе бараат устоличувањето на митрополитот Јоаникиј да се одржи во Подгорица

Кривокапиќ и Абазовиќ ќе бараат устоличувањето на митрополитот Јоаникиј да се одржи во Подгорица
Подгорица, 4 септември 2021 (МИА) - Црногорските медиуми повикувајќи се на неофицијални информации објавија дека премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ и вицепремиерот Дритан Абазовиќ ќе побараат од патријархот Порфириј и митрополитот Јоаникиј да го преместат устоличувањето од Цетиње во Подгорица поради наводни можни инциденти. Кривокапиќ и Абазовиќ се одлучија на таков чекор по денешните инциденти во Цетиње Премиерот на Црна Гора вечерва присуствуваше на литургијата што се одржува пред Храмот на Христовото воскреснување во Подгорица. Покрај Кривокапиж присуствуваа и министрите, владици, епископи и околу 10.000 верници. По церемонијата се очекува средба Кривокапиќ, Абазовиќ, Порфириј и Јоаникиј. ми/

Остани поврзан