• петок, 22 ноември 2024

Кривична против 28-годишник од Дебар за плаќање со туѓа картичка

Кривична против 28-годишник од Дебар за плаќање со туѓа картичка

Скопје, 14 декември 2023 (МИА) - Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против С.Џ., на возраст од 28 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот, како што се појаснува во соопштението, пронашол платежна картичка на лице од Дебар и во три наврати ја искористил за наплата на бензинска пумпа и на други услуги. бд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан