• среда, 10 јули 2024

Кривична пријава против 12 лица за издавање чек без покритие и злоупотреба на платежна картичка

Кривична пријава против 12 лица за издавање чек без покритие и злоупотреба на платежна картичка

Скопје, 10 јули 2024 (МИА) - Секторот за компјутерски криминал при МВР до Основното јавно обвинителство Скопје поднел кривична пријава против 12 лица, од кои 10 се државјани на Република Северна Македонија и две лица државјани на Косово за сторено кривично дело „издавање чек без покритие и злоупотреба на платежна картичка“ и за „соизвршителство“.

Како што денеска соопштија од МВР, пријавените во текот на јануари 2023 година извршиле злоупотреба на платежни картички (purchase refund fraud) издадени од банка во Р.С.Македонија на начин што користеле активни странски компании (со физички или виртуелен терминал) преку кој се иницирале неовластени авторизации за враќање на средства (refund), кои трансакции кај банката не се испраќале како трансакција за книжење, па според тоа немало влијание на реални трансакции на продажното место, но на друга страна нереално се зголемувала состојбата на сметката на платежната картичка што се користи за трансакцијата за износот на направената рефундација.

На тој начин пријавените како корисници на платежни картички ги користеле овие средства за сопствени потреби и неовластено се стекнале со противправна имотна корист во вкупен износ од 10.719.807 денари, а за истиот износ ја оштетиле банката издавач на платежните картички. цр/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан