• петок, 22 ноември 2024

Кривична пријава против скопјанец за вршење откуп на старо железо без означена фирма

Кривична пријава против скопјанец за вршење откуп на старо железо без означена фирма
Скопје, 14 април 2022 (МИА) - Министерсртвото за внатрешни работи соопшти дека е поденесена кривична пријава против скопјанец за вршење откуп на старо железо, метални суровини и слични предмети на импровизирано откупно место без означена фирма. - СВР Скопје - Единицата за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Е.М. (26) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад", предвидено и казниво по чл. 230 ст. 3 од Кривичниот законик, се вели во соопштението на МВР. Оттаму информираат дека пријавениот, во текот на 2022 година во Скопје, на подрачјето на Општина Гази Баба, вршел откуп на старо железо, метални производи и слични предмети на, како што се вели, импровизирано откупно место - отпад за откуп на секундарни суровини, без означена фирма. Од МВР велат дека Е.М. немал основано правно лице и не поседувал соодветна дозвола за вршење на дејност - трговија со неопасен отпад, согласно чл.32 ст.1 од Законот за управување со отпад. сх/дма/

Остани поврзан