• понеделник, 23 декември 2024
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Кривична пријава против светиниколец, пронајдени 3.066 парчиња пиротехнички средства

Кривична пријава против светиниколец, пронајдени 3.066 парчиња пиротехнички средства
Скопје, 4 јануари 2022 (МИА) - Полициски службеници поднеле кривичнa пријавa против жител на Свети Николе откако при претрес во домот на пријавениот пронашле и одзеле 3.066 парчиња пиротехнички средства, информира Министерството за внатрешни работи. - Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривичнa пријавa против З.Р.(55) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали“. На 23.12.2021, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле 3.066 парчиња пиротехнички средства, соопшти МВР. фф/дма/

Остани поврзан