• понеделник, 23 декември 2024

Кривична пријава против правно лице од Холандија за бесправно градење

Кривична пријава против правно лице од Холандија за бесправно градење
Скопје, 26 јули 2022 (МИА) - Кривична пријава е поднесена против правно лице и против сопствениците од Холандија за сторено кривично дело „бесправно градење“, соопшти Министерството за внатрешни работи. - СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице и против сопствениците В.Х.М.Р. и Р.В. од Холандија, со привремен престој во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење’’, се наведува во соопштението на Министертсвото. Како што посочуваат од МВР, второпријавената, во својство на сопственик и управител на правниот субјект, во текот на 2021 година на две катастарски парцели во Прељубиште изградила монтажни објект без потребната документација. фф/сп/

Остани поврзан