• четврток, 04 декември 2025

Кривична пријава против неготинец за загрозување на сигурноста и изнуда, се заканувал кон градоначалникот и неговото семејство

Кривична пријава против неготинец за загрозување на сигурноста и изнуда, се заканувал кон градоначалникот и неговото семејство

Кавадарци, 26 септември 2025 (МИА) - Кривична пријава е поднесена против неготинец, за загрозување на сигурноста и изнуда, се заканувал кон градоначалникот и неговото семејство, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи Велес. 

-Отсекот за компјутерски криминал при СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против М.Ј.(28) од Неготино, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривични дела „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 4 и 5 и „изнуда“ во обид по член 258 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Имено, тој креирал лажен профил на социјална мрежа и на втори септември, на платформа за интернет комуникција, испратил порака на профил кој го користи градоначалникот на Општина Неготино, со закани кон него и неговото семејство, а во која, исто така, се обидел и да му изнуди пари, појаснија од СВР Велес. 

Потоа, како што соопштија од СВР Велес, на четврти септември во три наврати и на петти септември на друг профил што го користи градоначалникот, повторно испратил текстуални пораки со закани кон него, неговото семејство, како и кон кандидат за градоначалник. 

-Исто така, на 19 септември испратил пораки на службените електронски пошти на Министерството за внатрешни работи, Општина Неготино и на новинар, со закани кон приврзаници на политичка партија во Неготино. На 19 септември,  од страна на полициски службеници М.Ј. е лишен од слобода, информираа од СВР Велес. свд/вј/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан