• недела, 22 декември 2024

Кривична пријава против лице од Тетовско за вршење јавен превоз без лиценца

Кривична пријава против лице од Тетовско за вршење јавен превоз без лиценца
Скопје, 11 февруари 2022 (МИА) - Поднесена е кривична пријава против лице од тетовско Нераште за вршење јавен превоз без поседување лиценца, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи. - СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.И.(61) од с.Нераште, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. На 04.02.2022, полициски службеници од СВР Тетово, на регионален пат Тетово-Јажинце, извршиле контрола во возило „форд“, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца, посочуваат од МВР. фф/лв/

Остани поврзан