• недела, 22 декември 2024

Кривична пријава против дебарчанец за примање поткуп

Кривична пријава против дебарчанец за примање поткуп
Скопје, 22 октомври 2022 (МИА)Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) вчера до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против К.У.(24од Дебар, за сторено кривично дело „примање поткуп“, предвидено и казниво по член 357 од Кривичниот законик.

-К.У., вработен во Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија-Скопје, постапувајќи во рамките на своите службени овластувања, за да издаде терапија од аптеката на клиниката за пациентка, по издаден  медицински извештај од лекар од клиниката за месеците септември и октомври 2022 година, побарал парична награда - поткуп во износ од 100 евра и истите ги примил на средба со пациентката на 21.10.2022 пред влезот на клиниката, соопштија од МВР.

Исто така, како што посочуваат во соопштение, претходно во август 2022, со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе по издадена терапија на пациентот, побарал и примил од истата пациентка парична награда во износ од 50 евра.

-По пријавување на случајот од страна на пациентката во ОСОСК, преземени се мерки и активности и на 21.10.2022, на средба помеѓу нив двајца пред задниот влез на клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопје, откако истиот ѝ ги побарал паричните средства за две последователни терапии, пациентката му ја дала паричната награда - банкнота во апоен од 100 евра, по што истиот е лишен од слобода и при извршен преглед во полициска станица, кај него е пронајдена банкнотата во апоен од 100 евра, појаснуваат од МВР. бт/нд/

Остани поврзан