• петок, 05 декември 2025

Кривична пријава против двајца лихвари од Охрид

Кривична пријава против двајца лихвари од Охрид

Скопје, 4 март 2025 (МИА) - СВР Охрид поднел кривична пријава против В.К.(42) и Н.К.(45) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“, соопштија денеска од МВР.  

Двајцата, во периодот од 2021 до 2024 година, договарале и со присилба изнудувале парични средства од лице од Охрид. На тој начин, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 9.715.000 денари. цр/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан