• четврток, 26 март 2026

Кривична пријава за фалсификување сертификат за познавање странски јазик против директор на основно училиште во струшко Подгорци

Кривична пријава за фалсификување сертификат за познавање странски јазик против директор на основно училиште во струшко Подгорци

Скопје, 4 март 2025 (МИА) - Одделението за внатрешни работи од Струга поднело кривична пријава против В.М.(40) од струшкото село Корошишта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

МВР денеска соопшти дека директорот на основно училиште во струшкото село Подгорци, набавил лажен сертификат за положен англиски јазик од филијала лоцирана во  една соседна земја и го употребил во прилог на документи за избор на директор. По извршени проверки добиен е одговор дека лицето не е регистрирано во базата на податоци и евиденции во филијалата. цр/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан