• четврток, 26 март 2026

Кривична пријава за „несовесно работење во службата“ против двајца вработени во ЈП „Национални шуми“

Кривична пријава за „несовесно работење во службата“ против двајца вработени во ЈП „Национални шуми“

Скопје, 15 март 2025 (МИА) - СВР Битола поднесе кривична пријава против П.Ж.(55) и Р.И.(58), двајцата од Демир Хисар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Како што соопшти МВР, во 2023 и 2024 година, пријавените, вработени во Шумско – стопанска единица „Илинска планина“ - Демир Хисар, дозволиле да има неконтролирана - бесправна сеча и на тој начин била нанесена штета на шумскиот фонд на  Јавното претријатие „Национални шуми“ во висина од 1.100.925 денари. вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан