• петок, 05 декември 2025

Кривична пријава за мајка и баба кои принудуваа дете да питачи во Дебар

Кривична пријава за мајка и баба кои принудуваа дете да питачи во Дебар

Дебар, 16 јуни 2025 (МИА) - Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против мајка и баба поради принудување малолетно лице да питачи.

Кривична пријава е поднесена против Н.М.(28) од Струмица и Д.Д.(57) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање дете”. 

-На 4 овој месец во Дебар било затекнато детето на првопријавената како питачи, на главната улица „Елена Ѓика“, а кое таа го дала претходно на второпријавената, нејзина мајка, информираа од полицијата.

Појавата на питачење по улиците на Дебар е честа појава, посебно пред и за време на верски празници, како и во летниот период кога во родниот крај масовно престојуваат печалбарите. Питачи, деца и возрасни, најмногу ги има од Прилеп, Гостивар и Велес. вт/мд/


Фото: МИА

Остани поврзан