• среда, 17 декември 2025

Кривична пријава за дебранец и стружанец, фатени при купопродажба на марихуана

Кривична пријава за дебранец и стружанец, фатени при купопродажба на марихуана

Дебар, 25 јули 2025 (МИА) - Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против две лица поради поседување марихуана.

-Кривична пријава е поднесена против Н.Л.(44) од струшкото село Октиси и Е.Д.(38) од селото Голем Папрадник, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид.

Според него на 4 април годинава на  регионалниот пат Дебар-Струга, полициски службеници ги затекнале пријавените при купопродажба на марихуана, која била пронајдена и одземена.

Ова е последователен ваков случај. Само годинава затекнати се повеќе  лица кои во свои автомобили поседувале марихуана, кои најчесто биле откриени на патот кој минува покрај Дебарско Езеро. Деновиве беше затекнато момче од дебарското село Бањиште кое со тротинет превезувало кеса со марихуана. вт/бк/


Фото: МИА

 

 

Остани поврзан