• недела, 22 декември 2024

Кривична пријава за дебранец за напад врз полициски службеници

Кривична пријава за дебранец за напад врз полициски службеници

Дебар, 25 септември 2024 (МИА) - Одделението за внатрешни работи-Дебар поднесе кривична пријава против жител на градот поради напад врз полициски службеници.

- Кривична пријава е поднесена против М.Р.(51) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Додаде дека Р.М. во неделата (22 септември) во просториите на ОВР Дебар бил агресивен кон полициските службеници при што се обидел со нож да ги нападне. Веднаш бил приведен и лишен од слобода. вт/цр


Фото: МИА

Остани поврзан