• петок, 05 декември 2025

Кривична пријава за двајца дебрани за предизвикување пожар во градски парк

Кривична пријава за двајца дебрани за предизвикување пожар во градски парк

Дебар, 24 септември 2025 (МИА) – Дебарското Одделение за внатрешни рабати поднесе кривична пријава за двајца дебрани, поради намерно предизвикување пожар во градскиот парк во населбата „Венец 2“.

-Кривична пријава е поднесена против М.Ф.(41) и А.Р. (38), двајцата од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Предизвикување општа опасност“, предвидено и казниво по член 288, став 1 од кривичниот законик, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
 
Пријавените, на 12. месецов во 21:30 часот, во градски парк во една населба во Дебар, со отфрлање на отпушок од запалена цигара, намерно предизвикале пожар и значителна опасност по животот на луѓето и имотите во населбата.

Поради предизвикување пожар претходно лишени од слобода беа жителка на село Долно Косоврасти и жител на село Рајчица, кои по чистење на нива го запалиле собраниот материјал и го запалиле, по што во гаснењето морала да интервенира Територијалната противпожарна едница. вт/вј/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан