Кривична пријава за битолчанец, при претрес кај него пронајдени дрога, муниција...
- СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против битолчанец К.Т.(29) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.

Скопје, 25 септември 2024 (МИА) - СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против битолчанец К.Т.(29) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.
Како што соопшти денеска МВР, пријавениот во повеќе наврати продавал марихуана и амфетамин на други лица од Битола, а при претрес во неговиот дом, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана, пет проектили од муниција за пушки, како и модели од автоматски оружја. дма/са/
Фото: МИА архива