Кривична пријава за албански државјанин за „полов напад“
- Дебарското одделението за внатрешни работи поднесе кривична пријава против албански државјанин поради кривично дело „полов напад“.
Дебар, 12 мај 2025 (МИА) – Дебарското одделението за внатрешни работи поднесе кривична пријава против албански државјанин поради кривично дело „полов напад“.
- Кривична пријава е поднесена против М.Ф.(39) од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад“. На 6 мај годинава во Дебар, пријавениот физички нападнал 52 – годишна албанска државјанка и се обидел да изврши обљуба врз неа, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Според него, полициски службеници од ОВР Дебар веднаш го пронашле и лишиле од слобода, по што судија на претходна постапка при Основниот суд во Дебар му одреди мерка притвор од осум дена. вт/цр
Фото: МИА