• петок, 05 декември 2025

Кривична за стружанец, градел на заштитено подрачје, узурпирајќи дел од Охридско Езеро

Кривична за стружанец, градел на заштитено подрачје, узурпирајќи дел од Охридско Езеро

Скопје, 31 март 2025 (МИА) - СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М. (51) од Струга поради постоење основи на соменение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“.

Како што информира МВР, во текот на 2024 и 2025 година во Струга, пријавениот, во својство на инвеститор, на државно земјиште прогласено за „Заштитено подрачје - Споменик на природата Охридско Езеро“ узурпирал дел од Охридското Езеро со цел да го заземе во владение, при што изградил потпорен ѕид од тврд материјал и без соодветно одобрение од надлежен орган. мч/мд/

фото: МИА архива

Остани поврзан