• недела, 22 декември 2024

Кривична за вработен во ЈП „Национални Шуми“ поради фалсификување службена исправа

Кривична за вработен во ЈП „Национални Шуми“ поради фалсификување службена исправа

Скопје, 6 март 2024 (МИА) - СВР Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Ц. Ѓ. (63) од Скопје, вработен во Јавното претпријатие „Национални Шуми“ поради фалсификување службена исправа.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи пријавениот, вработен како референт за превоз во Јавното претпријатие „Национални Шуми“ - Подрачно шумско стопанство Караџица – Скопје, на 03.07.2023 издал испратница за натоварено огревно дрво во товарно возило „там“ со скопски регистарски ознаки за количина од четири кубни метри.

Подоцна, при контрола на возилото и по извршениот увид и премерување од Шумската полиција, било констатирано дека во возилото има претовар, односно дека вистински натоварената количина огревно дрво не одговара на наведената количина во издадената испратница од страна на пријавениот. свс/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан