• понеделник, 04 ноември 2024

Кривичен суд: Мерки за претплазливост за четири лица осомничени за нападот во М-НАВ

Кривичен суд: Мерки за претплазливост за четири лица осомничени за нападот во М-НАВ

Скопје, 6 јануари 2024 (МИА) - Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје вечерва им изрече мерки за претплазливост на четирите лица осоменичени за Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај од чл. 303 ст.2 вв со чл. 22 од Кривичниот законик во врска со нападот во М-НАВ. Меѓу овие лица е и Бекир Незири, поранешен министер, актуелен советник на директорот на М-НАВ и член на ДУИ.  

Во соопштението од Судот се наведува дека судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Јавниот обвинител за определување мерка притвор против четири лица кои вечерва беа спроведни во судот, а осомничени за кривичното дело Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај од чл. 303 ст.2 вв со чл. 22 од КЗ, по произнесување на обвинителот и 
осомничените во однос на предлогот, донесе решенија со кои на сите 
четири лица им се опредлуваат мерки за претпазливост.

Согласно член 146 ст.1 од ЗКП на осомничените им се определува:
Забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, Обврска 
за нивно јавување на определено службено лице во судот, Одземање на 
патната исправа односно забрана за нејзино издавање и Забрана за 
комуникација со оштетниот како и меѓусебна комуникација, се посочува во соопштението од Судот.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред кривичниот 
совет на овој суд.

Основното јавно обвинителство Скопје претходно соопшти дека донело наредба за спроведување истражна постапка против осум лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај според член 303 став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик. За четири лица јавниот обвинител бараше мерка притвор, додека за четири други лица се трага.

Како што се наведоа во соопштението од ОЈО, осомничените на 4 јануари, со заедничко дејствие на извршување, сториле кривично дело со кое ја загрозиле безбедноста на Меѓународниот аеродром Скопје, незаконски и со намера да извршат дело на насилство против лице ги попречиле услугите на аеродромот.

- Со нивните дејствија тие ја загрозиле безбедноста на меѓународниот воздушен сообраќај во момент кога во воздушниот простор над државава се одвивале 28 летови под контрола на М-НАВ, со што се осомничени дека извршиле кривично дело за кое е предвидена казна затвор од најмалку пет години, се вели во соопштението од ОЈО.

Јавниот обвинител, ценејќи дека во конкретниот случај постои опасност од бегство, можност осомничените да влијаат врз постапката или да го повторат делото, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за четворица осомничени кои се лишени од слобода, додека по останатите четворица се трага. 

МВР, претходно, соопшти дека во четвртокот во 15:15 часот во ПО Петровец лице вработено во М-НАВ пријавило дека во објектот имало нарушување на јавниот ред и мир, односно дека Б.Н. (лице вработено во институцијата) заедно со уште неколку непознати лица физички ги нападнале П.Б., Е.К. и Б.Р. (лица вработени во институцијата). МВР подоцна вечерта информираше дека со четири инволвирани лица во нападот врз вработени во М-НАВ се вршат службени разговори и оти во координација со Основното јавно обвинителство ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Исто така и дека се преземаат мерки за пронаоѓање на уште четири лица и оти наредниот период МВР континуирано ќе ја обезбедува зградата на М-НАВ. сх/ев/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан