• петок, 15 ноември 2024

Кремљ соопшти дека во Краматорск гаѓале само воени цели

Кремљ соопшти дека во Краматорск гаѓале само воени цели

Москва, 28 јуни 2023 (МИА) - Кремљ објави дека во Украина се гаѓале само воени цели, по обвинувањата дека руски напад уништил ресторан во Краматорск на истокот од земјата, при што десетици луѓе загинале или се ранети.

-Русија не е насочена кон цивилна инфраструктура, таа ги погодува инсталациите поврзани на еден или друг начин со воената инфраструктура, изјави портпаролот на руското претседателство Дмитриј Песков.

Претходно, украинската служба за итни случаи соопшти дека најмалку десет лица загинаа, а 61 се ранети во рускиот напад синоќа кога беше погоден ресторан во Краматорск на истокот на Украина.

Официјални лица соопштија дека во ракетниот напад биле оштетени неколку куќи, продавници, автомобили, неколку згради, вклучително и поштата. мс/сд/

фото: скриншот 

Остани поврзан