• петок, 05 декември 2025

Кремљ: Сè уште нема датум за нови преговори со Украина во Истанбул

Кремљ: Сè уште нема датум за нови преговори со Украина во Истанбул

Москва, 26 јуни 2025 (МИА) -  Кремљ денеска соопшти дека сè уште нема напредок во одредувањето на датумот за следниот круг мировни преговори со Украина во Истанбул.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека датумот за третиот круг преговори ќе биде утврден по завршувањето на размената на воени заробеници, договорена на вториот круг разговори.

Сега се фокусираме на спроведувањето на хуманитарните договори постигнати на вториот круг директни руско-украински преговори во Истанбул. По финализирањето на сите договорени процедури, ќе одлучиме за датумите на третиот кру“, рече Песков, додавајќи дека Русија ги поддржува напорите на САД за посредништво.

По повеќе од тригодишна пауза, Русија и Украина одржаа директни преговори во Истанбул на 16 мај и 2 јуни, што резултираше со неколку размени на воени заробеници и враќање на посмртните останки на загинати војници. Попладнево беше извршена уште една размена на заробеници, но не беа соопштени податоци за точни вројки. ссм/

фото: архива

Остани поврзан