• среда, 12 март 2025

Кремљ: Претседателите на Русија и Иран се заложија за посилна билатерална соработка

Кремљ: Претседателите на Русија и Иран се заложија за посилна билатерална соработка
Москва, 13 ноември 2022 (МИА) - Претседателите на Русија и Иран, Владимир Путин и Ебрахим Раиси во телефонски разговор се заложија за посилна билатерална соработка, соопшти Кремљ. „Путин и Раиси разговараа за голем број прашања за билатералните односи, со акцент на интензивирање на соработката на политичко, економско и трговско ниво“, се наведува во соопштението на руското претседателство. Кремљ додаде дека претседателите разговарале и за „областа на транспортот и логистиката“, додека руската и иранската економија се под строги санкции од западните земји. паг/

Остани поврзан