• понеделник, 23 декември 2024

Кремљ бара забрзување на истрагата за терористичкиот напад врз Северен тек

Кремљ бара забрзување на истрагата за терористичкиот напад врз Северен тек

Москва, 2 мај 2023 (МИА) - Кремљ денеска повика да се забрза истрагата за експлозиите на гасоводот Северен тек и да се објават резултатите.

Во септември 2022 година, две нерешени подводни експлозии се случија во плиноводот „Северен тек 1“ и новоизградениот гасовод „Северен тек 2“, што ги поврзуваат Русија и Германија преку Балтичкото Море.

Експлозиите се случија во економските зони на Шведска и Данска, а двете земји тврдат дека експлозиите биле намерни, но дека допрва треба да се утврди кој е одговорен.

Данските вооружени сили минатата недела објавија дека на 22 септември направиле 26 фотографии од руски брод во близина на местото на експлозијата.

-Руски бродови пловат на Балтикот и тоа е нормално. Секој има стотици фотографии од руски бродови, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Повторно инсистираме - ако има некаква информација, треба да се објави. Истрагата за овој терористички напад мора да биде транспарентна за сите и мора да се забрза. Светот мора да ги знае одговорните извршители на овој терористички чин“, кажа портпаролот на Кремљ.

Данска, Германија и Шведска во февруари заеднички му соопштија на Советот за безбедност на ОН дека нивните истраги сè уште не се завршени и дека не е можно да се знае кога ќе бидат.

Русија сака 15-члениот совет да преземе независна истрага за експлозиите. 

Москва, без да обезбеди докази, го обвини Западот за наводната саботажа. И САД и Украина негираа дека имаат некаква врска со нападите, а истото го стори и Русија. сд/

Остани поврзан