• понеделник, 23 декември 2024

Креирана дигитална алатка за кариерно насочување

Креирана дигитална алатка за кариерно насочување
Скопје, 9 декември 2020 (МИА) - Околу 60 проценти од луѓето на државно ниво на просечна возраст од 29 години се незадоволни од сегашната кариера и се во потрага по втора шанса, додека пак 30 отсто од студентите на глобално ниво сметаат дека студираат на погрешен факултет, што укажува на фактот дека младите често грешат во изборот на својата кариера, покажува истражувањето на Браинстер претставено на денешната презентација на бесплатната алатката за неформална едукација на ИТ вештини. -Во рок од шест до дванаесет месеци со помош на платформа за кариерно насочување им помагаме на младите луѓе да дојдат до прекфалификација, ги едуцираме во делот на маркетинг дизајнот како и во други слични вештини и успешно ги подготвуваме младите луѓе да ја изберат вистинската професија, изјави Дарјан Раденковиќ, маркетинг директор. Од Brainster информираат дека дигиталната алатка од денеска е достапна за користење како и дека оваа алатка е важна бидејќи ја истакнува потребата да се посвети повеќе време на кариерно истражување и советување. На денешната презентација беше појаснето дека платформата предвидува прашања за кандидатите кои се поделени во три дела. Во првиот се сместени 30 прашања поврзани со типот на личноста, каде што секој од кандидатите преку таканаречен мал квиз ќе открие во кој од 16-те предвидени типови на личност припаѓа. Вториот дел опфаќа прашања за афинитет кон дигиталните вештини и за крај последниот или третиот дел се однесува на прашања за лични податоци на студентот кои што ќе помогнат за полесно добивање насоки за понатамошно советување околу изборот на вистинска професија. Според маркетинг директорот она што недостасува во образованието е практичната настава и поради тоа е формирана алатка која ќе има за цел на младите да им ја приближи праксата и реалната слика на пазарот на трудот. Toj појаснува дека најчестите изјави кај кандидатите за овој вид неформална комуникација се дека не се задоволни со избраната кариера, дека избрзале, немале со кого да се советуваат како и дека моменталната професија не ги достигнала очекувањата. -Кога слушате повторно и повторно доаѓате до заклучок дека огромен број млади луѓе се заглавени во избраните кариери, но и дека седум години подоцна младиот човек тргнува во потрага по нова кариера, рече Раденковиќ. На брифингот беше потенцирано дека Brainster има и англиска верзија која ќе може интернацуионално да се користи и да помогне при увид на младите во изборот на кариера. -Погрешниот избор е нешто што денеска ќе го направите избрзано и понатаму таа одлука ќе има влијание што ќе резултира со залудно потрошени години, додаде Раденовиќ. свс/бк/

Остани поврзан