• петок, 22 ноември 2024

Креативни работилници за деца со посебни потреби „Зрак во темнината“

Креативни работилници за деца со посебни потреби „Зрак во темнината“

Тетово, 7 септември 2023 (МИА)-  Здружението „Златна рака“ од Тетово започна проект со цел да влијае врз подигање на свеста кај семејствата на лицата со посебни потреби, а конкретни активности се предвидени со организирање на креативни работилници за деца со посебни потреби.

Ќе се реализираат шест креативни работилници под надзор на психолог и дефектолог: по две работилници ќе има за учениците од посебните паралелки во ОУ „Лирија“, ОУ „Андреа Савески Кикиш“ и  Дневен центар „Младост“ каде престојуват лица со посебни потреби од 7 до 25 години.

-Овие деца немаат други активности по училишните часови и, затоа сакаме со нив повеќе да работиме во насока да ја прикажат нивната креативност. Проектот е со цел да им се овозможи поголемо учество во креативниот дел од општеството, информираше Гзиме Хајредини од Здружението „Златна рака“.

-Се надеваме дека покрај овие проектни активности ќе се формира еден Рекреативен центар за целодневни вакви активности на децата и ученици со посебни потребни. Да не биде само вака инцидентно со проектни активности, истакна Бранка Марковиќ од Здружението „Златна рака“.

Сите креативни дела изработени од овие деца ќе бидат изложени на крајот од проектот на изложбата што ќе се одржи во просториите на Центарот за култура „Иљо Антевски-Смок“. ас/љм/

Фото: МИА

Остани поврзан