• петок, 03 април 2026

Креативни маски, игри, песни и многу шеги на денешната „Априлијада“ во Кочани

Креативни маски, игри, песни и многу шеги на денешната „Априлијада“ во Кочани

Кочани, 1 април  2026 (МИА) - Креативни маски, игри, песни и многу шеги можеа да се забележат денеска во Паркот на револуцијата во Кочани, по повод одбележувањето на 1 април, Денот на шегата.

Цветчиња, пчели, пеперутки, принцези, муви и главни ликови од цртаните филмови продифилираа низ улилиците во Кочани.

Манифестацијата „Априлијада“ се одржа пред платото на Центарот за култура „Бели Мугри“, а  со ритмички точки се претставија дечињата од Детската градинка „Павлина Велјанова“ и учениците од одделенска настава од сите основни училиштата.

Поздравен говор имаше претседателот на Советот на Општина Кочани, Александар Андов.

 

Организатор на традиционалната „Априлијада“ е Одделението за јавни дејности во Општина Кочани, со средства од Програмата за поддршка на образованието. ис/вј/

Фото: Општина Кочани

Остани поврзан