Крводарителска акција во Карпош: Дарувањето крв значи живот
- -Досега, до 12 часот беа регистрирани околу 45 дарители на крв, меѓу кои и вработените лица од општинската администрација на Карпош, како и повеќе искусни дарители на најдрагоцената течност, кои дарувале крв, повеќе од 100 пати, стои во соопштението.
Скопје, 10 октомври 2015 (МИА) - Во соработка со Државниот завод за трансфузиологија и Црвениот крст-Општинска организација Карпош, денеска се одвива голема крводарителна акција во новата општинска зграда во Карпош 3, По повод Денови на Општина Карпош.
Како што соопштија од Општината, локалната самоуправа, во организација на Секторот за локален економски развој, традиционално ја спроведува оваа хумана акција која ќе трае до 17 часот попладне.
-Досега, до 12 часот беа регистрирани околу 45 дарители на крв, меѓу кои и вработените лица од општинската администрација на Карпош, како и повеќе искусни дарители на најдрагоцената течност, кои дарувале крв, повеќе од 100 пати, стои во соопштението.

Оттаму наведуваат дека градоначалникот Стевчо Јакимовски, кој повеќе од 15 пати ја покажал својата хуманост на дело, апелирал до сите здравствено добри граѓани, да даруваат крв, бидејќи оваа хумана течност значи живот.
-Ова е 45-та по ред крводарителна акција која два пати годишно традиционално ја организира Општина Карпош. Во изминатите два часа имаме веќе околу 43 крвни единици, донирано за граѓаните на коишто им и те како потребна оваа течност. Ние го имаме соборено рекордот во Македонија , тоа значи дека за еден ден се собраа 630 единици, истакнал Јакимовски.
Од општината посочуваат дека според статистиките, Општина Карпош се уште го држи рекордот во најголем број собрани крвни единици, меѓу сите општини во државата. нд/дма/
Фото: Општина Карпош