• понеделник, 23 декември 2024

Крводарителка акција по повод 9 Ноември - Денот на ослободување на Велес

Крводарителка акција по повод 9 Ноември - Денот на ослободување на Велес

Велес, 6 ноември 2022 (МИА) - Во Велес во тек е 15-та по ред акција за доброволно дарување крв што традиционално ја организира Мото клубот „Носачи на крстот“ во соработка со Општинската Организација на Црвен крст и Општина Велес по повод одбележување на 9 Ноември, - Денот на ослободување на Велес и Денот на општината.

Одзивот на граѓаните како и секоја година е одилчен и досега се собрани 30 - тина крвни единици, информира за МИА Орце Николов секретар на ООЦК Велес.

-Ги повикуваме сите жители на Велес и Велешко, како и од други градови  да ни се приклучат на акцијата која трае во текот на денот се до 16 часот. Прекрасно е чувството да се биде хуман со дарување крв,  која за многумина во опасност, значи живот, повика Николов.

Лани, во пролетната акција што ја организираа велешките моторџии од „Носачи на крстот“ беа собрани 141 крвна единица. ад/вг/

Остани поврзан