• недела, 22 декември 2024

Крводарителите од Виница остварија нов рекорд, во еден ден собраа 140 единици со крв

Крводарителите од Виница остварија нов рекорд, во еден ден собраа 140 единици со крв

Виница, 27 декември 2023 (МИА) – Под мотото „Дарувај крв, спаси живот“ на предновогодишната акција што се одржа во просториите на општинската организација на Црвен крст во Виница се собрани рекордни 140 единици крв, со што планот за крводарување за 2023 година е остварен со повеќе од 200 отсто.

- Денешната акција за доброволно дарување крв беше последна за оваа година, а одѕивот на граѓаните ги надмина нашите очекувања. Дојдоа сите кои претходно се најавија и во текот на осумте часа, колку што траеше акцијата, тие дадоа придонес во исполнувањето и натфрлањето на планот. Годинава спроведовме вкупно 13 акции, од кои една беше по повод празникот на градот, а на секоја од нив имавме во просек по стотина крводарители, истакна Маја Спасова, координаторка за крводарителство во општинскиот Црвен крст – Виница.

Виничките доброволни крводарители со години го држат рекордот на државно ниво со собрани над 270 единици крв во еден ден. Во општината постои традиција за фамилијарно крводарителство и тоа се пренесува од повозрасните на помладите, кои ги следат хуманите постапки на своите родители.

Денешната акција за крводарување во Виница се реализираше во соработка со Службата за транфузиона медицина од Скопје, а поддршка дадоа и неколку стопански субјекти и јавни институции во општината. та/ар/

Фото: МИА

Остани поврзан