Без вода ќе бидат дел од корисниците во селото Копаница во општина Сарај
- Прекин во водоснабдување денеска ќе имаат дел од корисниците во селото Копаница во општина Сарај, соопшти ЈП Водовод и канализација - Скопје.
Скопје, 13 април 2026 (МИА) - Прекин во водоснабдување денеска ќе имаат дел од корисниците во селото Копаница во општина Сарај, соопшти ЈП Водовод и канализација - Скопје.
Причина за прекинот на водоснабдувањето, како што се посочува, е уличен дефект на водоводна цевка Ф 80мм. во селото.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности, информираат од претпријатието. рп/нд/
Фото: МИА архива