„Кралица Срце“ на „Триангл“ и „Другарство“ на „Дивизион Арт“ вечер за затворање на Божикниот театарски фестивал во Кисела Вода
- На фестивалската програма вечер од 18:00 часот е претставата „Кралица Срце“ на Театарското здружение „Триангл“, во која играат Марика Поповиќ, Андреј Наумов и Јане Дунимагловски. Режијата и сценариото се на Десанка Глигоријевиќ. Во 19:30 часот ќе следува претставата „Другарство“ на Театарското здружение „Дивизион Арт“, со Винета Дамчевска, Мики Анчевски и Марија Ѓорѓиовска во актерската екипа.
Скопје, 5 јануари 2026 (МИА) - Со многу емоции и искрени аплаузи помина втората фестивалска вечер од Божикниот театарски фестивал, соопшти Општина Кисела Вода, организатор на фестивалот.
-Публиката имаше можност да ја проследи театарската претстава „За нас почнува живот“, во изведба на Театарското здружение „МАНА“, во режија на Дејан Пројковски, со Биљана Драгиќевиќ-Пројковска и Нино Леви во главните улоги. Општина Кисела Вода продолжува континуирано да ја поддржува културата на локално ниво, создавајќи платформа преку која публиката има можност поблиску да се запознае и да се зближи со театарската уметност, како и да ужива во квалитетни културни содржини, соопшти Општината.
На фестивалската програма вечер од 18:00 часот е претставата „Кралица Срце“ на Театарското здружение „Триангл“, во која играат Марика Поповиќ, Андреј Наумов и Јане Дунимагловски. Режијата и сценариото се на Десанка Глигоријевиќ.
Во 19:30 часот ќе следува претставата „Другарство“ на Театарското здружение „Дивизион Арт“, со Винета Дамчевска, Мики Анчевски и Марија Ѓорѓиовска во актерската екипа.
-Картите за претставите се бесплатни, но бројот на места е ограничен. За присуство е потребна претходна регистрација со лични податоци, најдоцна до 5.01.2026 година, до 16:00 часот, на следните контакт броеви: Даниела – 075/380-928 и Верица – 071/804-474. Општина Кисела Вода ги поканува сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на програмата на Божикниот театарски фестивал и да бидат дел од културните настани кои се реализираат во рамки на фестивалот, соопшти Општина Кисела Вода. хс/дма/
Фото: Општина Кисела Вода