• петок, 22 ноември 2024

Кралицата Елизабета забрани Хари и Меган да го користат кралскиот бренд

Кралицата Елизабета забрани Хари и Меган да го користат кралскиот бренд
Лондон, 19 февруари 2020 (МИА) - Војводата и војвотката од Сасекс, Хари и Меган ќе мора да се откажат и од „кралскиот бренд“ откако одлучија да се повлечат од дворецот и да станат финансиски независни. Британската Кралица Елизабета Втора верува дека не е одржливо Хари и Меган да ја користат придавката „кралски“ во својот бренд. Хари и Меган потрошиле десетици илјади фунти на новата веб-страна „Сасекс ројал“ за да го надополнат својот популарен Инстаграм профил. Хари и Меган имаат во план да го регистрираат „Сасекс ројал“ како заштитен знак за различни цели и активности, вклучувајќи облека, честитки, книги и материјал за настава. Преземаат и чекори да основаат нова хуманитарна организација „Сасекс ројал“ Фондација на војводата и војвотката од Сасекс, но сега е јасно дека ќе мора да го променат името на фондацијата. ки/ми/

Остани поврзан