Кошаркарската асоцијација на Филипини воведува шут за четири поени за сезоната 2024/25
- Во новата сезона на Филипинскиот кошаркарски шампионат ќе биде воведен шут за четири поени.
Манила, 18 август 2024 (МИА) - Во новата сезона на Филипинскиот кошаркарски шампионат ќе биде воведен шут за четири поени.
Здружението одобри линија зад која погоден кош ќе вреди четири поени. Поставена ќе биде на 27 стапки (8,2 метри). Лигата ја тестираше иновацијата на два Ол-стар натпревара. Годинава за прв пат ќе се бројат шутевите од далечина во официјални натпревари.
- Очекувам дека играта ќе се забрза и ќе биде тешко да се игра зонска одбрана. Ова ќе ги промени комбинациите на голем број тимови. Водството од четири поени повеќе нема да биде одлучувачко во завршницата, рече потпретседателот на тамошната федерација Алфрансис Чуа.
Останува де се види како ќе функционира оваа иновација и дали ќе биде прифатена од други федерации. зс/