• петок, 02 јануари 2026

Кочанскиот градоначалникот Грозданов ги посети дежурните противпожарни и полициски служби

Кочанскиот градоначалникот Грозданов ги посети дежурните противпожарни и полициски служби

Кочани, 1 јануари 2026 (МИА) - Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, на првиот ден од 2026 година ги посети Територијалната противпожарна единица – Кочани и Одделението за внатрешни работи – Полициската станица – Кочани, каде што на дежурните служби им ја честита Новата година и разговараше за активностите преземени во текот на празничната ноќ.

Во ТППЕ – Кочани информираа дека единицата немала интервенции минатата ноќ. Градоначалникот ја искористи посетата да направи увид на возниот парк и да разговара за можните решенија за надминување на предизвиците со кои се соочуваат кочанските пожарникари при интервенциите на терен, велат од локалната самоуправа.

Командирот на ПС – Кочани, Горан Миленковски-Спенсер и началникот на Надворешната канцеларија за криминалистички работи, Тоше Стојанов и нивните соработници го информирале Грозданов за преземените активности во делот на криминалитетот, јавниот ред и мир и во сообраќајот. На средбата нагласиле дека синоќа е регистрирана минимална употреба на пиротехнички средства.

– Новогодишната ноќ поминала во релативно мирна атмосфера, со минимални интервенции од помал обем. Средбите во ТППЕ – Кочани и ПС – Кочани ги искористивме да разговараме и за решавање на наталожени проблеми и за претстојни активности што ќе помогнат за забрзана реализација на веќе најавени капитални проекти – цитиран е градоначалникот  Владко Грозданов, во соопштението од Општината. ис/дма/

фото: Општина Кочани

Остани поврзан